Уапсена мајката на убиените деца во Австралија

Од:

Австралиската полиција соопшти вчера дека е уапсена мајката на децата, чии тела се пронајдени во куќа во градот Кернс, во северниот дел на земјата.

Мајката е уапсена поради сомнение за убиство. Полицијата ги пронајде телата на осумте деца на возраст од 18 месеци до 15 години, кои починале од рани здобиени со нож.

hhh

Полицијата истакнa дека е уапсена 37-годишна жена, која е мајка на седумте убиени деца, додека осмото било дете на нејзин роднина.

Детективот Бруно Асникар изјави дека жената исто така имала повреди од нож и била хоспитализирана, но оти е во свесна состојба и разговарала со полицијата.

703738-51594ad8-8783-11e4-8b27-35532a8c74de

Австралиските медиуми претходно јавија дека полицијата во државата Квинсленд добила повик да замине во куќа во предградието Манора, откако била известена дека една жена била тешко повредена. Полицајците на местото на злосторството ги пронашле телата на децата и жената, која имала тешки повреди во пределот на градите.

703738-51594ad8-8783-11e4-8b27-35532a8c74de

Во куќата во која се случила трагедијата живеел и пријател на жената, кој не е татко на ниту едно од децата.

572653-681e5d08-8783-11e4-8b27-35532a8c74de

Премиерот Тони Абот изјави дека станува збор за злосторство „кое остава без зборови“ и додаде дека ова се тешки денови за Австралија.

703824-19c3b680-8783-11e4-8b27-35532a8c74de

Би можело да ве интересира

Момчето кое уби епископ е обвинето за тероризам, oдлучија обвинителите од Сиднеј

Нападот на епископ во црква во Сиднеј е терористички чин оцени полицијата

ВИДЕО: Идентификуван напаѓачот од Сиднеј, уби шестмина и избоде деветмесечно бебе

ФОТО: Полицајката од Сиднеј го совладува напаѓачот

А1он

ВИДЕО: Напад со нож во Сиднеј, еден напаѓач убиен, другиот избегал

А1он

ВИДЕО: Избезумени коали се држат за дрвја за време на сеча