Уапсен убиец поврзан со Ндрангета, беше во бегство 16 години, последните три бил пица мајстор

Од:

Полицијата во југоисточна Франција го уапси Едгард Греко, осуден убиец поврзан со најмоќната италијанска организирана криминална група, Ндрангета. 63-годишниот Греко беше во бегство 16 години, а последните три години работел како пица мајстор во Сент Етјен, каде живеел од 2014 година, соопштија денеска Интерпол и италијанската полиција.

Во соопштението на Интерпол се наведува дека мафијашкиот убиец е уапсен благодарение на соработката на француската и италијанската полиција. Греко се бара за две убиства во 2006 година, а обвинет е и за обид за убиство. Италијанските инспектори веруваат дека 63-годишникот е одговорен за смртта на браќата, кои беа претепани до смрт со метална шипка на рибниот пазар во Калабрија.

Интерпол тврди дека убиствата биле „дел од мафијашка војна“. „Колку и да се трудат бегалците да водат мирен живот во странство, тие не можат засекогаш да ја избегнат правдата“, се вели во изјавата на шефот на Интерпол, Јирген Сток, според Вашингтон пост.

Во последните години, бројни членови на Ндрангета беа уапсени во полициски операции низ Европа, но и во Бразил.

Би можело да ве интересира

Преку лажни профили на МВР и Интерпол се нуди помош за измамени во “Конти“, предупредува полицијата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Авион се запали пред полетување во Италија, итно евакуирани патниците

ВИДЕО: Четири гуми на авион на Рајанер пукнаа при слетување, колапс на аеродромот во Бергамо

Катерина Ѓуровски

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили