Уапсен со сендвич, во кој имало кокаин

Од:

Шпанската полиција уапси дваесет и деветгодишен Колумбиец, откако кај него пронајде сендвич со шунка, сирење и сто грами кокаин.

Во соопштението од полицијата се наведува дека тој е уапсен на автобуската станица во летувалиште Бенидорм, Средоземно море, под обвинение за шверц на дрога, пренесе „Асошиејтед прес“.

На фотографијата која што ја објави полицијата се гледа отворен сендвич во кој се наоѓаат девет мали цилиндрични пластични капсули со дрога, распоредени над шунката и сирењето.

Полицијата во домот на уапсениот Колумбиец во Бенидорм, пронашла уште еден килограм кокаин и помала количина марихуана, а го привела и неговиот цимер 20-годишен Колумбиец.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четоврица мртви и 19 исчезнати во страотниот пожар во Валенсија

Катерина Ѓуровски