Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

Од:

Шпанските власти уапсија полицаец откако пронашле 20 милиони евра во ѕидовите на неговата куќа, како дел од истрагата за најголемата заплена на кокаин во историјата на земјата.

Оскар Санчез Гил до неодамна беше шеф на одделот за измама и перење пари на шпанската национална полиција во Мадрид. Полицајците го уапсиле заедно со уште 15 лица, меѓу кои и неговата девојка, која исто така е полицаец.

При претресот полицијата пронашла 20 милиони евра скриени во ѕидовите на куќа во Алкала де Енарес, град кој се наоѓа на 30 километри источно од шпанската престолнина. Во неговата канцеларија најдоа уште еден милион. Тие пари биле скриени во два заклучени плакари.

Санчез Гил и неговата девојка се обвинети за трговија со дрога, перење пари, корупција и учество во криминална организација. Тие беа изведени пред судот во Мадрид и им беше одреден притвор.

Шпанските медиуми јавуваат дека апсењата се поврзани со неодамнешното запленување на 13 тони кокаин што пристигнало во пристаништето Алгесирас од Еквадор, скриено меѓу сандаци со банани.

Би можело да ве интересира

Кривичен определи мерки за претпазливост за шест од вкупно седум полициски службеници осомничени за пожарот во Кочани

Предраг Петровиќ

Шестмина полициски службеници за кои се бараат мерки за претпазливост во врска со пожарот во Кочани изведени пред судија на претходна постапка

Полициски службеници попладнево влегоа во Медицинскиот факултет во Ниш

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Седум полицајци во болница по бркотница и судир со возач на „БМВ“ во Англија

Блокиран град во Германија, поставени барикади, се бара опасен убиец: Пронајдени три тела во куќата

Холандската полиција уапси повеќе од 500 луѓе за време на протестите на активистите за климата