Најбараниот хакер на листата на американскиот ФБИ Хамза Бенделаѓ (24) е уапсен на Тајланд.
Тој е обвинет за напад на интернет страници на голем број банки, притоа придизвикувајќи милионски штети. Бенделаѓ, исто така, е осомничен дека разбил посебни сметки на 217 банки и финансиски организации, при што предизвикал штета поголема од 10 милиони долари.
Како што е потврдено, Бенделаѓ патувал од Малезија кон Египет, а уапсен е на Тајланд додека чекал транзитен лет.
Кај хакерот се пронајдени сателитски телефон, екстерен хард диск, два лаптопа и еден таблет компјутер.
Тајландските власти соопштија дека обвинетиот ќе биде екстрадиран во САД, врз основа на потерницата која ја издал еден регионален суд во оваа земја.