Уапсен лидерот на опозицијата во Уганда, Боби Вајн, за време на мирен протест во Кампала

Од:

Лидерот на опозицијата во Уганда, Боби Вајн, денеска е уапсен додека го предводел мирниот протест против наводното киднапирање на неговите приврзаници, изјави неговиот адвокат, пренесе ДПА.

-Вајн беше уапсен заедно со многубројни членови на неговата партија на улиците на главниот град Кампала, изјави за ДПА, неговиот адвокат, Дејвид Рубонгоја.

Вајн тврди дека по претседателските избори на 14 јануари годинава, на кои тој загуби од долгогодишниот претседател на земјата, Јовери Мусевени, угандската Влада киднапирала и притворила околу 600 негови приврзаници.

Мусевени неодамна призна дека власта има задржано најмалку 51 лице, уапсени за „подготовка за предизвикување насилство“.

Хјуман рајтс воч, на почетокот на март, исто така, побара од властите во Уганда „да преземат итни чекори за прекин на актуелните киднапирања од страна на сомнителни државни агенти и да престанат со незаконското притворање без судење на приврзаниците на опозицијата“.

Вајн (38) претставува главен политички опонент на Мусевени (76), еден од африканските лидери со најдолг стаж во власта, бидејќи тој со Уганда управува цели 35 години, пренесува ДПА.

Би можело да ве интересира

Американка отвори центар за лекување на деца во Уганда, над 100 умреа затоа што не беше медицинско лице

Предраг Петровиќ

Милитантни убија 42 лица во напад на средно училиште во Уганда

Незадоволен телохранител во Уганда го уби министерот кој требало да го штити

Ана Ололовска

Стампедо во трговски центар во Уганда, најмалку 9 лица загинаа

Претседателот на Уганда го назначи Братислав Стоиљковиќ за трговски претставник на земјата за Југоисточна Европа

Персоналот во затворите во Уганда нема да користи мобилни телефони за време на СП во фудбал

Ана Ололовска