Уапсен еден од најбараните членови на ЕТА

Од:

Еден од најбараните членови на баскиската вооружена сепаратистичка група ЕТА е уапсен во југозападна Франција, соопшти шпанското Министерство за внатрешни работи.

Врз основа на меѓународна потерница е уапсен Сабин Мендизбал Плазаола (34) поради наводно ранување на шпански полицаец.

Плазаола исчезна во 2009 година, кога шпанскиот суд го осуди на затворска казна, бидејќи врз седиштето на шпанската владејачка Народна партија во баскискиот град Ерму фрли екслозивна направа.

ЕТА се смета за одговорна за смртта на 829 лица за време на вооружената борба за независна држава во северна Шпанија и јужна Франција, која трае четири децении.

Би можело да ве интересира

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четоврица мртви и 19 исчезнати во страотниот пожар во Валенсија

Катерина Ѓуровски