Уапсен е напаѓачот кој пукаше во пет војници во американска воена база

Од:

Пет војници се тешко ранети во инцидент во американската воена база во Форт Стјуарт во Џорџија во среда, соопшти базата. Напаѓачот е заробен, објави ABC News.

Пукањето во областа на борбениот тим на Втората оклопна бригада беше пријавено во 10:56 часот наутро, а осомничениот беше уапсен во 11:35 часот, соопштија надлежните од базата Форт Стјуарт.

„Нема активна закана за заедницата“, соопшти базата.

Ранетите се на пат кон регионалниот центар, Универзитетскиот медицински центар „Меморијал хелт“ во Савана, изјавија болнички службеници за ABC News.

Форт Стјуарт се наоѓа околу 40 милји југозападно од Савана.

Гувернерот на Џорџија, Брајан Кемп, изјави на социјалните мрежи: „Нашите мисли и молитви се со жртвите, нивните семејства и сите оние кои се јавуваат на повикот да служат“.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, е информиран за пукањето, изјави портпаролката на Белата куќа, Керолин Левит.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Американците објавија нови снимки од НЛО, забележани над Блискиот Исток

Се запали моторот на авион со 120 патници – следеше принудно слетување

А1он

Зеленски: Постои огромна шанса за мир доколку САД навистина извршат притисок врз Путин

Американската воена операција против Иран достигна цена од над 44 милијарди евра

Руски државјанин e обвинет за шпионирање на вработени во американска воена компанија

Трамп: САД и Кина сакаат Ормутскиот теснец да остане отворен