„Твитер комуникација’’ меѓу сегашниот и поранешниот претсеател на Индонезија

Од:

Актуелниот претседател на Индонезија Јоко Видодо вчера, во кругот на семејството, го прослави својот 54 роденден, а го одбележа и со прв пост на мрежата „Твитер’’ од како во октомври лани седна во претседателската фотеља. Претседателот Видодо има 2 милони и 890.000 следбеници на постот кој го потпишува со прекарот „Јокови’’ што го доби за време на неговото, успешно, раководење со провинцијата Џакарта пред да стане претседател на големата држава со 256 милиони жители.

Веста за обновеното „твитерџиство’’ на индонезискиот претседател не ќе беше толку актуелна, ако по првиот пост на Видодо веднаш не се јави со коментар порнешниот претседател, претходникот Сусило Бамбанг Јудихјоно. Тој на наследникот му порача дека ќе треба да трпи и бројни навреди на својот „ Твит’’, а за тоа не треба да го употребува претседателскиот авторитет и во вербалните пресметки да ги вклучи полицијата или судовите.

Јудихјоно, кој во два мандати беше претседател на Индонезија му порача на Видодо посебно да не реагира на политички, или приватни навреди. Тој потсетува дека група демонстранти против него пред претседателската палата во 2.012 година донеле бивол на чиј стомак биле испишани неговите иниијали. Јудихјоно потсети дека не барал правни мерки ни за група демонстранти кои ја запалиле неговата голема фотографија, снимена во претседателскиот кабинет. Според екс претседателот, сегашниот не треба лично да се занимава ни во случаи кога ќе се почувствува навреден, или понижен, во медиумите.

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници