Туск: Проширувањето на ЕУ е приоритет

Од:

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск изјави дека политиката на проширување на ЕУ е приоритет, не само кога е Црна Гора во прашање, туку за целиот регион.

По средбата со црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ, Туск истакна дека протестите во таа земја не се проблем, туку се нормални и типични за секое демократско општество.

Ѓукановиќ и Туск се согласија дека проблемите со кои се соочува Црна Гора, и целиот регион, се можност за изградба на ефикасни државни институции и владеење на правото, што е „најдобра препорака за напредокот во интеграциите“, јавува РТЦГ.

Туск, обраќајќи се на Ѓукановиќ истакна дека нивното пријателство е традиција и оти политиката на проширување е приоритет не само кого е во прашање Црна Гора, туку и регионот во целина.

Црногорскиот претседател, од своја страна, оцени дека иднината на Западен Балкан е без алтернатива, односно таа е европска и евроатлантска. Тој посочи дека Западен Балкан нема привилегија да има друг избор, имајќи го предвид историското наследство кое упатува дека меѓу европската и евроатлантската перспектива на регионот и неговата стабилност има знак на еднаквост.

– Во тој контекст, Црна Гора ја креира својата државна политика како промотор на европските и евроатлантските вредности во регионот. Балканот е оставен предолго надвор од Европа и единствен пат за регионот е интеграција. Црна Гора тоа во целост го разбира и поради тоа посветено работиме на реализација на таа стратешка цел, како и на економски раст и развој и зголемување на квалитетот на живот на нашите граѓани, потенцира Ѓукановиќ.

Тој го поздрави договорот меѓу Скопје и Атина и го потенцираше значењето на политичката волја и на бенефитот на сите страни во процесот на решавање на толку тешки прашања, што, според него, може да биде поттик за регулирање на односите меѓу Белград и Приштина, како и за функционалноста на Босна и Херцеговина.

Претходно, по средбата со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, Ѓукановиќ потенцираше дека по решавањето на спорот меѓу Атина и Скопје, треба да се работи на решавање на преостанатите проблеми во регионот.

Столтенберг, пак, потсети дека минатиот месец НАТО направи важен чекор и ја поздрави новата членка на Алијансата – Северна Македонија. Тој нагласи дека сите 29 членки го потпишаа Протоколот за пристапување и оти во сојузничките држави продолжува процесот на ратификација.

– Кога ќе заврши тој протокол, ќе ја поддржиме Северна Македонија како следна членка на НАТО, истакна Столтенберг.

 

Би можело да ве интересира

Трамп го номинираше Метју Витакер за американски амбасадор во НАТО

Мицкоски: Немавме никаква дилема да ја поддржиме Шекеринска, и се јавив уште вчера

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Малодушноста на ВМРО-ДПМНЕ блеска посилно од кога било

Шекеринска е нов заменик генерален секретар на НАТО

Катерина Ѓуровски

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ