Муцунски: Силата на солидарноста е главната карактеристика на НАТО сојузот, а во случајот со трагедијата во Кочани беше демонстрирана од се срце

Од:

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска во обраќањето по повод петгодишнината од членството на Република Северна Македонија во НАТО, на работната средба со амбасадорите на земјите-членки и партнери на Алијансата, уште еднаш упати голема благодарност за дадената и понудената помош од сите нив, за итното згрижување на младите пациенти настрадани во неодамнешната трагична несреќа во Кочани, каде загинаа 59 млади лица а повеќе од стотина беа повредени.

-Вашиот брз одговор ја покажа силата на солидарноста, која е главната карактеристика на нашиот сојуз, а која во овој случај беше демонстрирана од се срце. Овој случај уште еднаш ја покажа важноста на солидарноста која треба целосно и заеднички да ја негуваме како наш главен столб во нашите односи. Ви благодариме уште еднаш за сета поддршка и изразите на сочувство за еден од најтешките моменти за нашата земја, рече Муцунски.

Тој информира за посветеноста на Владата за целосно истражување на оваа трагедија

-Од наша страна, како Влада, веќе ги преземаме сите неопходни мерки за целосно истражување на случајот, вклучително и изнесување на сите инволвирани лица кои придонеле да се случи ваквата трагедија, пред судските органи. Како Влада определени сме одлучно да се бориме со корупцијата и сите девијантни појави чија цел е да го ослабат и нарушат нашиот систем. Тоа нема да го дозволиме. Наша цел е да ја зајакнеме довербата и унапредиме функционалноста на системот во кој граѓаните ќе имаат целосна доверба, порача Муцунски во обраќањето пред амбасадорите на земјите-членки и партнери на Алијансата.

Би можело да ве интересира

Финска го отфрли наводното руско барање за напуштање на НАТО

Москва не се откажува од барањата од 2021 година: НАТО да се врати на границите од 1997 година

Москва предлага пакт со НАТО

Авиони на НАТО двапати се обидоа да соборат беспилотно летало над Литванија, но не успеаја

САД, Украина и Русија подготвуваат конкретни предлози за трилатерални преговори

Москва: НАТО го претера со воените активности покрај руските граници