Туск повикан на распит поради врски на полското воено разузнавање со Русија

Од:

Претседателот на Европскиот совет и поранешен премиер на Полска, Доналд Туск е повикан на распит поради сомнежите за соработка на поранешни шефови на полската Служба за воено контраразузнавање со руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) без согласност на државните власти, соопшти денеска Михаил Џекански, портпарол на Окружното обвинителство во Варшава, кое ја води истрагата.

Според Џекански, поранешниот полски премиер е повикан како сведок.

Портпарол на Туск истакна дека тој нема да може да биде во Полска на 15 март, за кога е закажано сослушувањето, бидејќи веќе има ангажман во Европскиот парламент. На тој датум Туск ќе биде во Стразбур и поради тоа нема да може да сведочи во Полска.

Во декември минатата година Обвинителството покрена обвиненија против двајца високи контраразузнавачи дека „ги надминале своите надлежности, започнувајќи соработка со служба од друга држава без согласност на Министерскиот совет“.

Би можело да ве интересира

Русија има цел список со услови за примирје

Косачев: Сите договори ќе бидат по наши услови

Русите зазедоа големи упоришта на вооружените сили на Украина

Украина: Сега целиот свет ќе види кој навистина сака мир

Песков: Не ја исклучуваме можноста за наскоро средба меѓу Трамп и Путин

Горан Наумовски

Руските трупи започнаа офанзива врз Суџа