Туск: Очекуваме Договорот од Минск да се спроведе на терен

Од:

Шефовите на државите и Владите на змејите-членки на Европската унија доцна синоќа го завршија неформалниот Самит на Европскиот совет, на кој три главни точки беа ситуацијата во Украина и односите со Русија, терористичките закани кон ЕУ и економската состојба во Грција.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, претседателот на Советот, Доналд Туск, на прес-конференција по завршувањето на Самитот, посочи дека европските лидери не дискутирале одблиску за состојбата со одбивањето на новата грчка Влада да се придржува до мерките за штедење, додека за утринскиот Договор за прекин на огнот во Украина, постигнат во Минск, оцениле дека е потребно да спроведе на терен или во спротивно Унијата ќе превземе други мерки.

Според Туск, повеќечасовната дискусија била фокусирана на три големи предизвици со кои се соочува Европа. Прво, Украина, за што нејзиниот претседател Петро Порошенко ги информирал за „ужасната ситуација“ во својата земја, која, според првиот човек на Советот, била резултат на руската агресија.

Тој, според Туск, им дал трезвено оценување на договорот постигнат вчера изутрина во Минск, а ЕУ-лидерите им се заблагодариле на германската канцеларка АНгела Меркел и на францускиот претседател Оланд за нивните „неопходни напори за мир во Украина“. Тие ги презентирале резултатите од разговорите во Минск, а Европскиот совет им дал претпазлива поддршка.

– Зборовите ставени на хартија мора да ги претвориме во вистински дела. Прекинот на огнот мора да се почитува. Ние мора да видме вистинска деескалација на конфликтот. Ова не е само во врска со независноста и територијалниот интегритет на Украина. Целиот геополитички поредок во Европа по 1989 година е во прашање, предупреди Туск.

Во тој поглед, според претседателот на Советот, ЕУ ќе биде подготвена за секој развој на настаните, без разлика добар или лош. Туск рече дека дебатата на синоќешниот неформален Самит се фокусирала на тоа како да се поддржи имплементацијата на договорот од Минск и дека доколку тоа не се случи, Брисел нема да се двоуми да ги преземе потребни чекори, за што постои обединетост и одлучност да се остане на курсот.

– Како што се заканите за мирот однадвор, Европската Унија се соочува и со внатрешни непријатели. Само пред пет недели, терористите убија 17 луѓе во Франција. Ние ќе соработуваме со цел да се соочиме со оваа закана, но не со емоции или со прекумерна реакција, туку со смиреност и решителност. Ние се согласивме за нови приоритети во борбата против тероризмот и она што е потребно најмногу е договор за размена на патниците во рамки на Европската унија што ни е потребо наскоро, предупреди Туск.

Во однос на дебата за случувањата во Грција, претседателот на Европскиот совет рече дека челникот на Еврогрупата, Јерон Дајслеблум, ги информирал шефовите на ЕУ-земјите за интензивната завчерашна дискусија на министрите за финансии. Сепак, според Туск, Европскиот совет не влегол во преговори за ова прашање и дека синоќа, грчкиот премиер Алексис Ципрас и претседателот на Еврогрупата побарале од институциите да работат на техничко оценување со цел да се воспостави заедничка основа пред Еврогрупата да се состане следниот понеделник.

Тема на синоќешниот Самит на ЕУ беше и подобрувањето на економската политика во Еврозоната, што по неодамнешната одлука на Европската централна банка (ЕЦБ) да вбризга илјада милјарди во економијата на ЕУ е од витално значење да се направат националните економии целосно компатибилни со монетарната унија.

– За да се направите ова, структурните реформи имаат потреба од силна политичка сопственост на национално ниво. Ние ќе продолжиме да работиме за вистинска економска и монетарна унија. Ова, сепак, беше „неформален“ Самит на кој ние направивме вистински напредок. За пет недели, ние ќе се состанеме повторно во март и дотогаш ќе го следиме развојот на настаните, заклучи Туск.

Би можело да ве интересира

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје

Ново тело е пронајдено во урнатините на зграда во Белгород, бројот на жртви се искачи на 17