Турски војници пукале преку границата со Сирија, убиен е еден курдски бунтовник

Од:

Турски војници отвориле оган преку границата со Сирија и притоа убиле еден член на курдските бунтовници, а раниле тројца, пренесува АФП. Според информациите, инцидентот се случил во областа на регионот Дербасија, во северозападната провинција Хасака.

Од друга страна, информациите исто така велат дека ракети истрелани од територијата на Сирија, од пограничниот град Тал Ал Абиад, паднале на просторот во Турција, околу градот Акчакале. Анкара поради тоа нареди да се затвори училиштата во градот.

Пропаганда на двете страни

Во другите вести, турскиот министер за одбрана Исмет Јилмаз, денес ги поби “ексклузивните” информации на Саудискиот канал Ал Арабија кој тврдеше дека двајцата пилоти кои загинаа ова лето при уривање на турскиот авион над сирискиот воздушен простор, не погинале, туку подоцна биле ликвидирани од страна на сириските тајни служби со помош на Русија. Русија, исто така, ги отфрли овие сензационалистички информации како “бесмислица”.

Саудиската телевизиска мрежа Ал Арабија, како и Катар Ал-Џезира, ги поддржуваат бунтовниците во Сирија од самиот почеток, со тоа што Ал Арабија многу почесто претерува со својата горлива поддршка на бунтовниците. Сепак, и покрај демантот од сите страни, Ал Арабија денеска оди понатаму: тврди дека зад неодамнешните пожари во стоковната куќа во Катар стои никој друг, туку сирискиот претседател Асад.

Но, во овој конфликт на жестока и претерана пропаганда, се служат и двете страни. Така во текот на денот на интернет мрежите проструи веста дека наводно германската разузнавачка агенција БНД објавила целосен извештај во кој се заклучува дека 95% од бунтовниците во Сирија не се Сиријци.

Колку оваа информација и да им се допадне на одредени про-Асадови групи, очигледно дека ова е голема заблуда. Наводно приказната ја објавил германскиот весник “Die Welt”, но на страниците на весникот нема ни трага од такво нешто. Наводно прв сензационалистичка вест ја објави иранскиот “IRIB” на германска верзија, но подоцна ја повлекле веста од нивните страници.

Факт е дека меѓу сириските бунтовници има многу милитанти од различни земји, но дефинитивно не во толкава мера. Несомнено дека повеќето вооружени бунтовници се сиријци, главно поддржувачи на “Муслимански Браќа” и други групи. Но, дури и RT обработи интервју со професорот по меѓународно право, Дауд Хаиралах, кој исто така се осврна на фамозните “95%”, кои во крајна линија се вградени во насловот на видео снимката, што претставува голем пропуст за новинската агенција.

Оваа претерана пропаганда, која се повеќе се потпира на фантазија, а не на реалноста, од двете страни може да значи само едно – на теренот и понатаму владее ќор-сокак во кој ниту една од страните во конфликтот не е во можност да постигне значителен напредок, особено кога станува збор за градот Алепо. И сириската армија и бунтовниците веќе во неколку наврати констатираа дека тргнуваат во “решавачка” битка за градот, а во изминатите неколку недели, ги имаше многу.

Би можело да ве интересира

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица