Турската влада ќе му препорача на судот во Истанбул префрлање на случајот Кашоги во Саудиска Арабија

Од:

Турската влада ќе му препорача на судот во Истанбул да го „затвори“ досието и да и го предаде на Саудиска Арабија случајот со убиството на новинарот Џамал ​​Кашоги, изјави денеска турскиот министер за правда Бекир Боздаг.

Боздаг тоа го изјави еден ден откако обвинителот на судот во Истанбул побара досието да биде „затворено“ и да и се даде на Саудиска Арабија, што било барање на таа држава.

Судискиот совет не донесе одлука, но беше најавено дека ќе побара мислење од Министерството за правда. Судењето е одложено за 7 април.

„Ќе дадеме позитивно мислење за префрлање на овој случај“, рече министерот.

Пред судот во Истанбул од 2020 година се води судење во отсуство против 26 саудиски државјани обвинети за убиството на Кашоги.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Турската полиција го уапси и адвокатот на Имамоглу

Горан Наумовски

1.900 лица приведени во Турција за време на протестите против апсењето на Имамоглу

(ВИДЕО) Полицијата уапси 43 демонстранти во центарот на Истанбул

Новинарите мораа да го напуштат хотелот за време на американско-руските преговори

Ердоган: Држат лекции за човекови права, но молчат за грозоморните убиства во Газа

Предраг Петровиќ

Ривалот на Ердоган, Имамоглу, во истражен затвор до судењето