Турската Лекарска комора побара да се испита содржината на солзавецот употребен против демонстрантите

Од:

Турската Лекарска комора соопшти дека побарала од властите да ја испитаат хемиската содржина на солзавецот, кој бил употребен против демонстрантите во Турција.

Според некои организации за заштита на човековите права, околу 5.000 лица побарале медицинска помош од почетокот на протестите во Турција пред повеќе од 10 дена, а во повеќето случаи поради влијанието на солзавецот.

– Демонстрантите и лекарите сметаат дека постои сериозна опасност од хемиската содржина на солзавецот и употребеното количество, изјави генералниот секретар на Лекарската комора, Бајазит Илхан.

Организациите за заштита на човековите права ја обвинија турската полиција за употреба на прекумерна сила врз демонстрантите, а повеќе држави изразија загриженост поради бројот на повредени во протестите.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски