Турската артилерија повторно пука кон Сирија, Асад во јавноста, Давутоглу сака подпретседателот да ја превземе Сирија

Од:

Турската артилерија повторно испука неколку гранати кон Сирија, петти ден по ред. Наводно, тоа е само уште еден одговор по паѓањето на нова граната испалена од сириска страна во близина на градот Акчакале. Нападите започнаа во средата, по неколку гранати од сириска страна што паднаа врз градот и притоа убија пет цивили.

Градоначалникот на Акчакале, Абдулхаким Ајхан, потврди дека турската армија и денеска пукаше врз Сирија откако една граната паднала во близина на една фабрика на турската страна од границата. Сведоците велат дека турската војска потоа испукала 6 гранати кон Сирија.


Ако продолжат ваквите инциденти, само прашање на време кога ќе дојде до цивилни жртви во Акчакале или било кој од другите турски градови по должината на сириско-турската граница. Кој ја започна оваа ескалација во средата уште не е јасно, турскиот весник Јурт вели дека има информации дека бунтовниците стрелале кон Турција со цел да се испровоцира поширок конфликт. Сепак, ако хипотетички претпоставиме дека тоа било грешка на Сириската армија, прашањето е – кој сега стрела кон турската територија? Тешко е да се поверува дека сириската армија неколку дена по ред намерно би го повредувала турскиот територијален суверенитет со невнимателно бомбардирање, особено во оваа фаза на конфликтот кога најголема закана за Сирија всушност е директно вмешување на странски воени сили, Турција но и НАТО.

Мошне интересен е и најновиот коментар на турскиот министер за надворешни работи. Гостувајќи на телевизискиот канал ТРТ, Ахмет Давутоглу, рече дека сириската власти би требало да ја превземе сегашниот потпретседател Фарук ал-Шара. Истакна дека Шара е “човек со разум и совест кој може земјата да ја извлече од криза.” Поточно, предлага Шара да го замени Асад и да покрене “транзиција”. “Фарук ал-Шара не учествувал во масакрите во Сирија. Никој не го знае сирискиот систем подобро од него. Опозицијата може да го прифати Шара како иден лидер”, рече Давутоглу.

Фарук ал-Шара е член на “старата гарда” од времето на администрација на Хафез ал-Асад. Роден е во 1938 година во Дамаск. Студирал во Дамаск и Лондон. Од 1984 до 2006 година ја извршува должноста министер за надворешни работи, кога станува и потпретседател.

За разлика од претседателот Асад, Шара е Сунит. Во август оваа година, се појавија информации дека дезертирал и преминал на страната на бунтовниците, но наскоро се испостави дека се работи за гласини.

Сирискиот претседател Башар ал-Асад по подолго време вчера се појави во јавноста. Присуствуваше на прославата на годишнината од Блискоисточната војна во 1973 година и заедно со припадниците на военото раководство, положија цвеќе на споменикот на незнајниот војник во Дамаск.

И понатаму траат жестоките борби во Алепо – сирискиот министер за одбрана, генерал Фахд Јасем ал Фреи, вети дека армијата ќе победи во овој конфликт. “Нашата армија сега е поподготвена за враќање на безбедноста и стабилноста во Сирија. Ќе ги елиминираме терористите каде и да се”, изјави сирискиот министер за одбрана.

Претходно денеска, државната новинска агенција САНА објави дека армијата остварува “бројни победи елеминирајќи ги вахабистичките и ционистичките платеници”.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски