Турк: Доколку продолжат руските напади ќе има сериозно влошување на хуманитарната ситуација во Украина

Од:

Матамошните напади врз украинската инфраструктура може да предизвикаат сериозно влошување на хуманитарната ситуација и да поттикнат понатамошно раселување на Украинците, изјави денеска високиот комесар на ОН за човекови права, Волкер Турк.

Зборувајќи пред Советот за човекови права по патувањето во Украина, Турк кажа дека руските напади изложуваат милиони луѓе на „екстремни тешкотии“.

-Дополнителните напади може да предизвикаат сериозно влошување на хуманитарната ситуација и дополнително раселување, рече тој.

Нападите врз неодамна ослободениот град Херсон, во јужниот дел на Украина, продолжија и денеска, изјави Кирил Тимошенко, заменик шеф на претседателовиот кабинет, додавајќи дека во најновото гранатирање загинале две лица.

Украинскиот генерал Олексеј Громов денеска изјави дека Русија сака да ја претвори војната во Украина во долг воен конфликт и дека обучува нови војници на територијата на соседна Белорусија. Сепак, малку е веројатно дека од таа земја ќе биде започната воена операција, додаде тој.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците се потешко ја бранат харковската област: Ги искористивме сите сили, на работ сме

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снимки од упадот на руските сили во Вовчанск, се водат улични борби

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нов украински напад на Белгород