Телото на државјанин на БиХ, Ангел Пешевски, по кој се трагаше под урнатините во Малатија, Турција, денеска е пронајдено. Според информациите, Пешевски бил закопан под урнатините на зграда во Малатија каде што се занимавал со бизнис.
Оваа информација ја потврдија од компанијата во која бил вработен Пешевски, а за тоа ја известиле амбасадата на Босна и Херцеговина во Анкара.
Вкупниот број на жртви во земјотресите што во понеделникот ги погодија Турција и Сирија се зголеми на 25.401, пренесува Танјуг.