Турција спречи обид за грабнување сириски дисидент

Од:

Турската полиција влегла во отворен судир со четворица вооружени Сиријци, кои се обиделе во Турција да грабнат познат сириски адвокат, поддржувач на опозицијата.

Четворицата Сиријци биле уапсени, пренесоа американските медиуми.

Сиријците рано утринава упаднале во куќа во округот Хатај, на границата со Сирија, и адвокатот насила го внеле во нивниот автомобил со кој потоа тргнале кон границата, информира агенцијата Анадолија.

Турски полицајци, кои биле инфомирани за настанот, веднаш тргнале по Сиријците, при што дошло до престрелка.

Двајца од Сиријците биле ранети и приведени на местото на судирот, а другите двајца биле фатени по потерата што потоа следела по нив.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски