Турција продолжува да испраќа засилување на границата со Сирија

Од:

Во реонот на градот Џејлјанпјанар, областа Шанлиуфра, денеска пристигна турски конвој со камиони, оклопни возила и автобуси, јави „Хуриет дејли њуз“.

Конвојот бил придружуван од сили на жандармеријата, а со него до сириската граница патувале и командоси.

Турските власти претходно соопштија дека земјата може да преземе нова антитерористичка операција во Сирија.

Од 2016 година Турција во северозападна Сирија ги спроведува операциите „Еуфратски штит“ и „Маслиново гранче“ со цел прочистување на областа од борци на сириските курдски Сили за заштита на народот и терористи од ДАЕШ („Исламска држава“).

Турција ги смета сириските курдски милиции Сили за заштита на народот за терористичка
организација, поврзана со илегалната Курдска работничка партија (ПКК). ЕУ, Анкара и САД ја сметаат ПКК за терористичка организација.

Би можело да ве интересира

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица