Турција може да војува со ИД ако му се нанесе удар на Асад

Од:

Турција може да се вклучи во копнените воени операции против милитантите од џихадистичкото сунитско движење Исламска држава (ИС), ако истовремено се преземат мерки против авторитарниот режим на сирискиот претседател Башар Асад и се создаде зона на забранети летови над Сирија.

Ова денеска во Прага, го изјави турскиот амбасадор, Ахмет Неџати Бигали, јави дописникот на МИА од Прага.

Турција, која се граничи со Сирија и Ирак и се соочува со навалица на бегалци од овие земји, според него, го поддржува продолжувањето на меѓународните воздушни напади врз исламистите, но не верува во нивниот пораз се додека не „падне” и Асад.

– Ние веруваме, дека бомбардирањето не е доволно за искоренување на оваа терористичка закана. Опасностите, кои доаѓаат од Сирија не можат да бидат запрени додека сирискиот режим е во Дамаск. Причината за тој тероризам во северна Сирија и северен Ирак е егзистенцијата на режимот на Асад, кој создаде вакум во регионот и оваа терористичка организација, рече амбасадорот на Турција.

Стратегијата за борба против ИД, според Бигали би требало да опфати и акција против режимот на владата во Сирија, каде повеќе од три години има граѓанска војна.

Според Анкара, клучно е создавањето на зона на забранети летови над Сирија, за да се спречат воздушните напади врз цивилното население.

– Ние уште не сме одлучени, но доколку овие услови бидат исполнети, можеме да размислиме за нашето учество, оцени Бигали.

Неговата земја досега беше резервирана кон меѓународната оружена поддршка на силите на ирачките Курди, кои војуваат со исламистите, а ограничено ги отвори своите граници за движење на курдските засилувања и дотур на материјал за северно-сирискиот град Кобане, кој ИД последните денови интензивно се обидува да го освои.

Во Турција, живее бројно курдско малцинство и турската Курдистанска работничка партија (КРП), исто како и во САД се смета за терористичка организација.

Турција стравува дека оружјето испратено до ирачките Курди ќе дојдат во рацете на КРП, која Турците, според амбасадорот ја сметаат за иста безбедносна закана како што е и ИД.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турските разузнавачи го убија лидерот на Исламската држава

Ана Ололовска

Британката која се приклучи на Исламска држава, не може да се врати во Велика Британија

Ана Ололовска

Абу Хусеин – нов лидер на терористичката Исламска држава

Ана Ололовска

Исламска држава: Нашиот лидер е мртов

Ана Ололовска

ИД ја презеде одговорноста за вчерашниот смртоносен напад во Сирија

Ана Ололовска

Терористите побегнаа од затвор кој е под контрола на сириските Курди

Ана Ололовска