Турција и Катар постигнаа прелиминарен договор со талибанската администрација за аеродромот во Кабул

Од:

Турција и Катар постигнаа прелиминарен договор со талибанската администрација за аеродромот Хамид Карзаи во Кабул и уште четири аеродроми во Авганистан, јави Анадолија. Турско-катарската делегација, која вчера пристигна во Кабул, постигнала начелен договор со авганистанската страна за управување со аеродромот Хамид Карзаи и четири други аеродроми во земјата, јави агенцијата повикувајќи се на извори.

„По разговорите за време на посетата на турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, на Катар на 7 декември, беше потпишан меморандум за разбирање помеѓу турски и катарски компании за урпавување со аеродромот преку рамноправно партнерство“, истакнаа изворите на агенцијата.

Постигнат е консензус за формирање меѓусебни технички тимови, со цел да се утврдат деталите и да продолжат преговорите преку техничките комитети во наредните денови.

„Во текот на следната недела ќе се одржат технички состаноци меѓу турско-катарската делегација од една страна и (привремената) авганистанска администрација од друга страна во врска со деталите на работа“, велат изворите.

Наведено е дека турско-катарската делегација, која ќе отпатува од Кабул за Доха, ќе продолжи да работи заедно.

Би можело да ве интересира

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан