Турција ги повика САД да ја прекинат поддршката за сириските Курди од ИПГ

Од:

Турција денеска ги повика САД да ја прекинат поддршката за сириската курдска милиција ИПГ по ескалацијата на одмаздничките напади долж турско-сириската граница.

Турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, најави продолжување на операциите против милитантите и повторно ги повика САД да престанат да ги поддржуваат курдските сили во северна Сирија.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека турските операции во северна Сирија нема да бидат ограничени само на воздушна кампања и може да ги вклучат копнените сили.

Турската артилерија продолжи да ги бомбардира курдските б ази и други цели во близина на Тал Рифат и Кобани, изјавија два сириски воени извори.

Британските медиуми пренесуваат дека официјален Вашингтон предупредува дека турската воена акција во северна Сирија ќе ја дестабилизира земјата.

Москва, исто така, ја повика Турција да покаже воздржаност во употребата на воена сила во Сирија и да спречи ескалација на тензиите, ја пренесоа руските новински агенции изјавата на рускиот пратеник за Сирија.

Турција соопшти дека сириските Единици за народна заштита (ИПГ) вчера убиле три лица во минофрлачки напади од северна Сирија. Тоа беше одговор на турските операции од изминатиот викенд против нивните борци, а во врска со бомбашкиот напад на 13 ноември во Истанбул во кој загинаа шест лица. За нападот во Истанбул официјална Анкара ги обвини забранетата Курдска работничка партија (ПКК) и курдските групи во северна Сирија кои се поврзани со неа.

Сириските демократски сили (СДФ) предводени од ИПГ соопштија дека 15 цивили и борци биле убиени во турските напади во последните денови.

Турција во последните години започна неколку големи воени операции против милитантите на Курдистанската работничка партија на Исламската држава во северна Сирија, потсетува британската агенција.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Ердоган ја повика Германија да ги укине ограничувањата за турската одбранбена индустрија

Ердоган го нападна Нетанјаху: „Тој сака да предизвика регионална војна“

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

Турција им нуди на Зеленски и Путин нацрт мировен договор

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица