Официјална Анкара дозволи, припадници на сириската вооружена опозиција да се обучуваат во кампови на турска територија, како дел од спогодбата со САД, за да може Американците да ги користат воените бази на Турција за воздушните напади против џихадистите на Исламска држава во Ирак и Сирија.
Информацијата за турската согласност е соопштена во Вашингтон, откако изјава за тоа даде американскиот советник за национална безбедност Сузана Рајс, но засега нема потврди и од Анкара.
Турската влада досега одбиваше да се вклучи во воената кампања против ИД и да испрати свои трупи во Ирак, или во Сирија.
Наместо тоа, или да им помогне на Курдите заобиколени од џихадистите во градот Кобане, на сириско-турската граница, Турција бараше создавање на некаква зона за забранети летови во пограничниот реон и притискаше врз сојузниците во НАТО, да не се војува само против ИД, туку и против „режимот на Асад“.
Претходно Анкара им дозволи на САД да почнат со користење на турските бази за своите воздушни напади и бомбардирањето на позициите на ИД, откако досега Американците можеа само да го користата турскиот воздушен простор за своите анти-ИД операции.
Сегашната одлука на турската Влада, да се дозволи обучување на „умерените исламисти“ во сириската бунтовничка опозиција,во Вашингтон е поздравена како „значаен и охрабрувачки чекор“.
Воение експерти во регионот, очекуваат американските воени сили сега да ја користат и својата голема база во Инџирлик,во југозападна Турција.
Во текот на неделава се очекува во Анкара да допатува првата воена екипа на САД која со турските власти ќе треба да ги усогласи деталите околу обуката на Сиријците кои се борат да го соборат претседтелот Башар ал Асад ,како за тоа што ке може да се користи од турските бази во нападите против ИД.