Либиски воен авион кој бил на тренинг лет беше принуден да слета на периферијата на Меденин, град во југоисточниот дел на Тунис.
– Тоа се случи откако го наруши тунискиот воздушен простор, изјави портпаролот на Министерството за одбрана во Тунис, Мохамед Бен Зерки.
Тој рече дека либискиот пилот ги информирал туниските власти дека авионот имал технички проблем, но не соопшти детали.