САД му возврати на Каракас

Од:

САД, како одговор на одлуката на Каракас да протера тројца американски дипломати под обвинение дека работеле против владата, им наложија на тројца венецуелски дипломати во рок од 48 часа да ја напуштат Америка.

Американскиот Стејт департмент доцна синоќа соопшти дека венецуелскиот дипломат задолжен за прашања од економијата, Калисто Ортега Риос и конзулот Марисол Гутерес дел Малеида од конзулатот во Хјустон, како и другиот секретар Моника Александра Санчес Моралес, од амбасадата во Вашингтон, имааат 48 часа да ја напуштат САД.

-За жалење е што владата на Венецуела повторно, врз основа на неосновани обвиненија, одлучила да протера американски дипломати, што бара реципрочна акција. Тоа е контрапродуктивно за двете држави, се истакнува во соопштението на Стејт департментот, пренесуваат агенциите.

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, пред два дена издаде наредба, високи американски дипломати и уште двајца службеници на амбасадата на САД во Каракас да ја напуштат државата, бидејќи ги обвини дека заедно со опозицијата работеле против владата.

Портпаролката на Стејт департментот, Џен Псаки, рече дека САД во потполност ги отфрла обвиненијата на венецуелската влада за вмешаност на владата на САД за која било измама, која би ја дестабилизирала власта на Венецуела.

Псаки додаде дека во рамките на Виенската конвенција за дипломатски и конзуларни односи, САД можат да преземат реципрочна акција, но дека се уште го разгледуваат тој потег, пренесе „Франс прес“.

Последен пат под слични обвиненија, Венецуела протера американски дипломати во март годинава, само неколку часа пред објавување на смртта на претседателот Уго Чавес.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас