Три тинејџери загинаа, а четвртиот е сериозно повреден во експлозија во напуштена куќа во Франција

Од:

Во саботата во местото Ба ан Басет во Горна Лоара, во експлозија во напуштена куќа загинаа тројца тинејџери, а четвртиот е тешко повреден и е во животна опасност, јавува дописникот на МИА од Париз.

На местото на експлозијата истражните органи пронајдоа траги од хлороводородна киселина и ацетон, како и пластичен пиштол кој се користи во игрите Ерсофт, еден вид на Паинтбал, односно пиштоли на гас кои стрелаат со пластични зрна.

Четворицата тинејџери се на возраст од 14 до 16 години.

Според првите елементи од истрагата најверојатно младите предизвикале експлозија со неконторлирано мешање на хлороводородна киселина и ацетон.

Повеќе од дваесет припадници на жандаремријата беа вклучени во обезбедувањето на местото на експлозијата и во истрагата за причините на смртта.

Според градоначалникот на Ба ан Басет, Жил Давид, цитиран од страна на регионалниот дневен весник Ла Монтањ, напуштена куќа немало ризик да се урне самата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили