Три милиони Британци потпишаа петиција против Брегзит

Од:

Петицијата која ја повикува британската Влада да го повлече Членот 50 со кој се регулира напуштањето на Британија на Европската унија, денеска ја потпишаа три милиони луѓе.

Официјалната интернет страница стана недостапна вчера наутро, кога петицијата доби најголем број потписи досега, соопшти парламентарната комисија за петиција.

Бројни познати личности и пратеници на Твитер изразија поддршка за петицијата, која е една од најпопуларните што досега биле објавени на интернет страницата на Парламентот.

Даунинг стрит сугерираше дека премиерката Тереза Мај најверојатно ќе ја игнорира петицијата, наведувајќи дека таа „нема да поддржи повлекување на членот 50“

Би можело да ве интересира

„Смртна казна за убијците на Вања“ – на социјалните мрежи се шири петиција

Анита Петровска Рајковиќ

Бараат да им го вратат дијамантот: „Срамно сме сиромашни и со криминалци, виновни се Кралицата и нејзините предци“

А1он

Реновирање да, друго не, порача Влатко Стефановски за Универзална, покрената и петиција за спас на салата

Маја Илиевска-Пачемска

Студенти од ФИНКИ спроведуваат петиција за зголемување на свеста за недостатокот на условите во образовните институции

А1он

Барние: Британија отфрла секакво одложување на Брегзит

Ана Ололовска

Почнува клучната фаза од преговорите за Брегзит

Ана Ололовска