Три лица убиени во Еврејскиот музеј во Брисел, осомничениот уапсен

Од:

Белгиската полиција уапси лице осомничено за убиството на три лица во Еврејскиот музеј во Брисел, што се се случи денеска попладне.

Според очевидци, убиецот во музејот пукал врз посетителите и убил две жени и еден маж, додека четвртото лице тешко го повредил, по што побегнал со автомобил.

Минувачите успеале да ги забележат броевите на табличките, така што полицијата набрзо го пресретнала автомобилот и го уапсила напаѓачот, чиј идентитет не е соопштен.

Повеќекратното убиство, за кое се претпоставува дека е извршено од антисемитски побуди, наиде на остра осуда на политичките лидери и јавноста.

Белгискиот министер за надворешни работи Дидие Рејнер, кој се затекна во близина на местото на злосторството во бриселскиот кварт Саблон, прв се огласи преку Твитер и изјави оти е шокиран со ова злосторство.

Министерот за полиција Жоел Милке рече дека смета оти убиството е „антисемитски чин“.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон преку соопштение остро го осуди нападот и ја поздрави брзата реакција на белгиските власти.

Трикратното убиство се случи на ден пред одржувањето на европските и национални избори во Белгија и три дена пред самитот на лидерите на ЕУ во Брисел, во вторник.

Би можело да ве интересира

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски

Уапсени четири лица во Брисел: Планирале напад на концертната сала

(ВИДЕО) Хаос во Брисел: Земјоделците палат гуми и фрлаат измет кон полицијата

Стотици фармери ги блокираа патиштата околу белгиското пристаниште Антверпен-Бриж

20-метарска елка падна врз луѓе во Белгија, умре жена

Катерина Ѓуровски