Три лица се уапсени откако протест против бегалцитво Англија стана насилен

Од:

Протестот пред хотел во северозападна Англија, каде што се сместени странци кои бараат азил, синоќа стана насилен, по што се уапсени три лица.

Полицијата во Мерсисајд соопшти тие се уапсени за „инциденти поврзани со безредија“ во близина на хотел во Ноузли, недалеку од Ливерпул.

Официјални лица за спроведување на законот соопштија дека протестот започнал мирно заедно со контрапротестот за поддршка на бегалците.

Полицијата прецизира дека нема сериозно повредени, но насилството било „целосно неприфатливо“.

Според локалниот пратеник Џорџ Хауарт, демонстрациите биле предизвикани од „наводен инцидент на социјалните мрежи“.

– Жителите на Ноузли не се фанатици и ги поздравуваат луѓето кои бегаат од некои од најопасните места во светот во потрага по безбедност. Овие демонстрации против бегалците на вечерашниот протест не се репрезентативни за нашата заедница, истакна синоќа пратеникот.

Велика Британија прима помалку баратели на азил од нејзините европски соседи, вклучително и Франција и Германија, но забележа нагло зголемување на бројот на луѓе кои се обидуваат да стигнат до земјата преку Ла Манш со мали чамци.

Би можело да ве интересира

Меѓународниот ден на трудот одбележан со првомајски протест и барања упатени до новата влада

А1он

Трендафилов: Сакаат да го конфискуваат Работничкиот дом за да го уништат синдикалното движење

А1он

Првомајскиот протест ќе биде со барања упатени до новата влада

А1он

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа

Потпишување анекс на Колективниот договор веднаш по формирањето на новата влада, бараат здравствените работници

Орце Костов

Протест за измени на законот за заедничко старателство по развод