Три кинески бродови навлегоа во јапонските територијални води

Од:

Три кинески бродови денеска навлегоа во територијалните води на островите Сенкаку, кои се под контрола на Јапонија, а кои Кина ги нарекува Дијаоу и е во спор со Токио околу нив, соопшти јапонската крајбрежна стража.

– Јапонија не може да го прифати ова, изјави јапонскиот министер за надворешни работи Фумио Кишида, кој го изрази незадоволството на Токио пред кинескит амбасадор во Јапонија.

Пекинг редовно испраќа бродови и авиони во околината на спорните острови, откако Јапонија национализира во септември три од островите во Источнокинеското Море и прогласи суверенитет врз целиот архипелаг. Тоа предизвика бран од антијапонски протести во Кина.

Би можело да ве интересира

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина