Три четвртини од Бразилците го поддржуваат протестите

Од:

Дури 75 проценти од Бразилците ги поддржуваат протестите во нивната земја што траат повеќе од две недели, покажауваат резултатите од една анкета на јавното мислење објавена во весникот „Епоха“.

Истражувањето покажува дека 77 проценти од поддржувачите на протестите како причина за ваквиот став го навеле поскапувањето на јавниот транспорт, а 47 отсто револтот кон политичката елита.

Во повеќе десетици градови ширум Бразил и синоќа се собраа околу 250.000 лица кои протестираа против корупцијата и бараа промена на политичкиот систем.

Протестите беа одбележани со помалку насилство во однос на претходните денови.
Во градот Бело Хоризонте полицијата употреби слозавец и гумени куршуми за да ги растера демонстрантите кои се обиделе да го пробијат полицискиот кордон и запалиле еден салон за автомобили.

Протестите започнаа пред повеќе од две недели во градот Сао Паоло поради одлуката на локалните власти за поскапување на јавниот градски превоз. Протестите набрзо се прошируја низ целата земја и прераснаа во барања за борба против корупцијата и реформи во државата.
Протестите во Бразил се одржуваат во време кога земјата е домаќин на фудбалскиот Куп на конфедерациите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гори зграда од 28 ката во Бразил

Горан Наумовски

Заложничка драма во Бразил, двајца се тешко ранети

Горан Наумовски

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Големи поплави и загинати во Бразил

Мистерија за убиениот Србин во Бразил: Член на Шкаљарскиот клан, кој беше убиен пред семејството

А1он

(ВИДЕО) Најмалку 25 лица загинаа во сообраќајна несреќа во Бразил

Горан Наумовски