Три активистки на Фемен го дочекаа Строс-Кан пред судот

Од:

Три членки на групата Фемен полуголи скокнаа денеска на автомобилот, со кој поранешниот директор на Меѓународниот монетарен фонд, Доминик Строс-Кан пристигна во судот во Лил, каде прв пат ќе сведочи во судската постапка против него под обвинението за подведување, јавија француските медиуми.

Трите жени, кои ненадејно ја соблекле облеката покажувајќи ги навредливите слогани на своите тела и извикувајќи навредливи зборови, полиција брзо ги опколи и ги приведе, а автомобилот во кој се наоѓаше Строс-Кан влезе во подземна гаража.

Се очекува дека сведочењето на Строс-Кан (65) ќе трае три дена, а тоа е прво негово појавување на суд во Лил од почетокот на судењето на 2 февруари, кога тој присуствуваше на читањето на обвинението, јави Би-Би-Си.

Поранешниот директор на ММФ и некогашен фаворит на социјалистите за претседател на Франција е обвинет за организирање ланец на проституција во Лил, град во северниот дел на земјата, во близина на границата со Белгија.

Строс-Кан, како што се наведува во обвинението се товари за организирање проституција во луксузниот хотел „Карлтон“ во Лил.

Неговата одбрана тврди дека е вистина дека тој учествувал во сексуалните забави во тој хотел, но оти не знаел дека присутните девојки биле проститутки.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски