Трамп: „Зеленски, престани“

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски да ги прекине украинските напади врз руската инфраструктура за производство на дизел гориво.

Целосно неочекуваното барање дојде со тврдење дека овие напади придонесуваат за глобален недостиг на дизел, додека неговата војна против Иран го нарушува снабдувањето со гориво ширум светот, пренесува The Kyiv Independent.

Овие изјави укажуваат на настојувањето на Трамп да ги ограничи украинските напади врз рускиот енергетски сектор во момент кога глобалните пазари на гориво се соочуваат со сè поголеми нарушувања во снабдувањето, поврзани со американската војна против Иран.

„Господинот Зеленски мора да направи една работа. Мора да престане да ги уништува постројките за производство на дизел гориво во Русија“, изјави Трамп и продолжи:

„Нека напаѓа цели, но не и дизел гориво, бидејќи тоа предизвикува недостиг на дизел. Разговаравме со господинот Зеленски за тоа… Ова не е последица на Блискиот Исток“.

Војната на Трамп против Иран исфрли од функција повеќе од 20 отсто од капацитетите за преработка на нафта на Блискиот Исток и практично го затвори Ормускиот теснец, низ кој претходно минувала приближно една петтина од светските залихи на нафта.

Украина продолжи да ја напаѓа руската нафтена инфраструктура во рамките на пошироките напори да го наруши снабдувањето со гориво и да ги намали приходите што Москва ги користи за финансирање на војната против Украина.

Украинските сили на 13 септември нападнаа нафтени рафинерии во рускиот Краснодарски крај и Република Татарстан, соопшти Генералштабот на Украина.

Барањето на Трамп до Зеленски дојде од Ирска, каде што американскиот претседател се наоѓа во дводневна посета.

Би можело да ве интересира

Русија изврши масовен напад врз Киев и неколку украински региони, оштетени се три моста

Горан Наумовски

Зеленски: Постои огромна шанса за мир доколку САД навистина извршат притисок врз Путин

На Украина ѝ се потребни 115 милијарди долари за 2027 година

Трамп од авионот им се јавил на европските лидери и им испратил остра порака: „Путин е сериозен за мирот“

Трамп откри што го налутило Путин: Рускиот лидер бесен на Зеленски по нападот врз Кримскиот мост

Погодени холандската и австриската амбасада во Киев: Руски напад оштети дипломатски објекти