Трамп: Запомнете го 7 октомври

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не верува оти палестинската милитантна група Хамас би се согласила на договор за ослободување на заложниците и прекин на огнот под сегашните околности во Газа, додека одбива да го одобри или отфрли неодамна одобрениот план на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за преземање на Газа.

Во кратко телефонско интервју за американскиот новински медиум Аксиос, американскиот претседател рече дека се согласува со аргументот на Нетанјаху дека е потребен поголем воен притисок врз Хамас, објави „Тајмс оф Израел“.

Трамп додаде дека Израел мора да одлучи кои се следните чекори во Газа и дали да му дозволи на Хамас да остане таму, а истовремено наведе дека верува оти „тие не можат да останат таму“.

Американскиот претседател го опиша својот телефонски разговор со Нетанјаху, за време на кој двајцата лидери разговараа за операцијата во Газа, како добар разговор.

„Имам само едно да кажам: запомнете го 7 октомври, запомнете го 7 октомври“, рече Трамп, осврнувајќи се на нападот на Хамас во 2023 година и повторувајќи ги изјавите што Нетанјаху ги даде за време на неговите две прес-конференции, кога рече дека има такви што го заборавиле 7 октомври.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: „Од ноќеска тарифите за Србија повеќе не постојат“; „Америка ги укина царините од 35 отсто“

Трамп со закана до Путин и Си: Би било многу лошо ако го вооружувате Иран

Блинкен предупредува: САД го губат глобалното влијание, а Кина ја презема довербата во светот

Иран го отфрли предлогот на Трамп за прекин на огнот

Горан Наумовски

Трамп воведе нов бран царини: Погодени се повеќе од 60 земји

Трамп сака проширување на воените операции