Трамп воведе забрана за влез во САД и за Севернокорејците и Венецуелците

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша нов указ со кој им се забранува влез во САД на граѓаните на Северна Кореја, Венецуела и уште пет земји, соопшти синоќа Белата куќа.

Новите мерли, кои ќе влезат во сила на 18 октомври, се однесуваат и за државјаните на Иран, Чад, Сирија, Јемен и Сомалија.

Указот е резултат на повторната проценка на првичната забрана на Трамп од јануари годинава за влез во САД на државјаните на неколку доминантно муслимански земји, која беше укината од американските судови.

Во март Трамп издаде нов модифициран указ, според кој времено се забрануваше влез во САД на граѓаните на Иран, Чад, Сирија, Јемен и Сомалија.

Таа мерка исто така беше укината од Федералниот суд, но Белата куќа ја обжали ваквата одлука во Врховниот суд, кој треба да го разгледа случајот на 10 октомври.

Со указот објавен синоќа на листата на петте муслимански држави се додаваат и Северна Кореја и Венецуела. Се посочува дека тие земји се ризични и „несоодветно“ соработуваат со барањата на Вашингтон за веродостојна идентификација на нивните граѓани и споделување информации за лица кои се кривично гонети или претствуваат ризик за безбедноста.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Новинарот на Трамп до Зеленски: Зошто не носиш костум, дали воопшто имаш?

Украинската амбасадорка за време на пресметката меѓу Трамп и Зеленски

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Тензични надвикувања, Трамп до Зеленски: Се коцкаш со Трета светска војна, не си благодарен

Предраг Петровиќ

Канада најави брз одговор на заканите од Трамп

Џонг Ун: Мора да бидеме подготвени да користиме нуклеарно оружје.

Горан Наумовски

Трамп ја прошири „листата за отстрел“

Горан Наумовски