Трамп ја прошири „листата за отстрел“

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп ги промени правилата, дозволувајќи им на американските команданти полесно да одобрат воздушни напади и специјални операции надвор од воените зони.

Исто така, сега има поголем број на луѓе кои можат да бидат нападнати, во споредба со претходните правила, вклучително и луѓе кои претходно не биле на целната листа, односно се проширува кругот на оние кои можат да станат цели на воздушни напади и специјални операции, пишува CBS News.

За време на неговото прво патување во странство оваа година, американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет потпиша директива која ја олеснува политиката и ја намалува извршната контрола врз воздушните напади.

Директивата им дава на командантите поголема слобода во одлучувањето кој може да биде цел и ги намалува контролите што ги воведе поранешниот американски претседател Џозеф Бајден.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп не трпи новинарски прашања: Глупава, личност со низок коефициент

Рускиот дизел утре тргнува за Америка

ВИДЕО: „Време е да се каже отворено, Доналд е виновен за цените на горивата“

НАТО стравува дека Трамп ќе ја принуди Украина на понижувачки мир со Русија

Трамп: Киев ќе паднеше за еден ден да не беше еден многу глупав руски генерал

(ВИДЕО) Трамп збесна на новинар: Тишина, тишина, дали си ти болен

Катерина Ѓуровски