Трамп: Во моментов зборуваме за територија, за линии за разграничување

Од:

Досегашниот тек на преговорите во Ријад вклучуваше средба меѓу американската делегација и украинските претставници вчера, а денеска со руската делегација.

Разговорите досега главно се фокусираа на ограничен прекин на огнот што ќе овозможи безбедност на бродскиот сообраќај низ Црното Море до и од Украина.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во Белата куќа дека сега се на маса и други теми додека се обидува да стави крај на тригодишната руска војна против Украина, пренесува Ројтерс.

„Во моментов зборуваме за територија. Зборуваме за линии за разграничување. Зборуваме за моќ, за сопственост на електрани. Некои велат дека САД треба да ги поседуваат електраните затоа што ја имаме таа експертиза“, рече Трамп.

Во последните денови, преговорите се фокусираа на можноста за запирање на нападите врз енергетската инфраструктура, што може да го отвори патот за привремен прекин на огнот, а потоа и за постојан мировен договор.

Би можело да ве интересира

Мировниот план на Трамп за Иран ги намали цените на нафтата

Си-Ен-Ен: Трамп е во замка – нема добро решение за војната со Иран

Трамп верува дека во Иран се случила промена на режимот

Трамп: Иран ќе биде целосно уништен ако не попушти, НАТО не прави ништо

Иран: Трамп се обидува да купи време

Иранската револуционерна гарда се заканува со одмазднички напади доколку е погоден енергетскиот сектор на Иран