Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ги почна разговорите со лидерите на Европската Унија во Брисел, каде, инаку, присуствува на самитот на НАТО.
Разговорите тој ги почна со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер, и со други официјални претставници.
Трамп јавно повикуваше на распуштање на Алијансата кога Обединетото Кралство гласаше за излез од Европската Унија, минатото лето, пренесуваат американските медиуми.
Во рамки на своето прво патување по светот, Трамп пред Брисел, престојуваше во Саудиска Арабија, Израел и Ватикан.
Челниците на НАТО, инаку, се собираат на самити секоја втора година, но овој состанок е исклучок, а повод е отворањето на новото седиште што се наоѓа точно наспроти старото седиште во бриселското предградие Евер, наведува Хина.
Белгиската полиција очекува денеска во Брисел да има околу 10.000 демонстранти, кои се собираат под слоганот „Трамп не е добројден“, па затоа се предвидени строги безбедносни мерки со голем број полицајци и војници.
Самитот се сведува на работна вечера на шефовите на држави и влади на земјите членки, па и затоа не може да се очекува посодржајна расправа, а секој од лидерите ќе има по три минути за расправа.
Пред работната вечера ќе бидат откриени два споменика што се наоѓаат пред новата зграда – во спомен на падот на Берлинскиот ѕид и на терористичките напади врз САД од 9 септември 2001 година, кога НАТО првпат во својата историја го активира Член 5 од Северноатлантскиот договор, што вечи дека нападот врз една членка на Алијансата претставува напад врз сите.