Трамп: Веднаш ќе ја запрам инвазијата на мигрантите во Америка

Од:

Републиканскиот кандидат за претседател на Соединетите Американски Држави на претстојните избори во ноември, Доналд Трамп, денеска најави дека доколку победи, „веднаш ќе ја запре инвазијата на мигрантите во Америка“.

„Како претседател, веднаш ќе ја прекинам инвазијата на мигрантите во Америка. Ќе ги запреме сите летови на мигранти, ќе ставиме крај на сите нелегални влезови, ќе ја затвориме апликацијата CBP One App на Камала за кримчарење мигранти, ќе го одземеме имунитетот од депортација, ќе го суспендираме преселувањето на бегалците и ќе ги вратиме илегалните имигранти на Камала во нивните матични држави“, напиша Трамп на платформата Х.

Тој додаде дека „ќе ги спаси американските градови во Минесота, Висконсин, Мичиген, Пенсилванија, Северна Каролина“, како и остатокот од Америка.

Трамп неодамна за време на дебата со демократската ривалка Камала Харис на телевизијата ABC рече дека милиони луѓе влегле во САД и дека тоа довело до зголемување на криминалот.

„Милиони луѓе дојдоа, а криминалот паѓа низ целиот свет. И овде го пробива плафонот. Тоа се нарекува имигрантски криминал“, рече Трамп.

Би можело да ве интересира

Трамп: Разговарав со Нетанјаху, се согласивме по сите прашања

А1он

Криумчареле Кинези и Авганистанци, приведени двајца

„САД се ограбени, тоа нема да се повтори“ рече Трамп на средба со Мелони

А1он

Малолетник од Скопје шверцувал седум мигранти од Египет

Горан Наумовски

Трамп го нападна Зеленски: Ако не беа наместени изборите во 2020 година, немаше да има војна

А1он

Трамп ги иззема мобилните телефони и компјутерите од новите царински тарифи

А1он