Трамп уште во декември најави „див“ протест на 6 јануари

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп со недели тврдеше дека изборите се украдени, а неговите приврзаници вчера упаднаа во Конгресот, симболот на американската демократија.

Трамп, кој одбива да го признае изборниот пораз повеќе пати ги повика своите приврзаници да дојдат во Вашингтон на денот кога Претставничкиот дом и Сенатот ја потврдуваат победата на Џо Бајден.

– Статистички е невозможно да сме ги изгубиле изборите. Голем протест во Вашингтон на 6 јануари. Бидете таму, бидете диви, напиша Трамп на Твитер на 20 декември.

Илјадници луѓе вчера се одѕваа на повикот на Трамп, а тој ги повика да се борат.

– Никогаш нема да се откажеме, никогаш нема да го признаеме поразот, изјави вчера Трамп пред приврзаниците, по што тие упаднаа во Конгресот и ја прекинаа седницата на која требаше да биде верификувана победата на новоизбраниот претседател Бајден.

Во вчерашните протести во Вашингтон загинаа четири лица, повеќе мина се повредени, а 53 лица се приведени.

Би можело да ве интересира

Ќе има проблем, Зеленски повторно не го потпишува договорот за минералите

Предраг Петровиќ

Мусаев: Со кодно име – „Краснов“, Трамп е руски шпион

Предраг Петровиќ

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Трамп и понуди на Украина „подобрен“ нацрт-договор за минерални суровини

Дуда му порача на Зеленски дека треба конструктивно да соработува со Трамп