Трамп: Операцијата заврши, пациентот преживеа и се опоравува

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи на социјалната мрежа Truth Social.

“Операцијата заврши! Пациентот преживеа и се опоравува. Прогнозатата е дека пациентот ќе биде посилен и подобар од сега. Да ја направиме Америка повторно голема” напиша тој.

Трамп вчера најави дека ќе воведе царини од 10 отсто на целиот увоз во САД, покрај повисоките царини за некои од најголемите трговски партнери на земјата, што ќе ја засили трговската војна што започна по неговото враќање во Белата куќа.

„Тоа е наша декларација за независност“, рече Трамп на настан во градината на Белата куќа. Тој покажа плакат со реципрочни царини, вклучувајќи ги и оние од 34 отсто за Кина и 20 отсто за Европската унија.

Трамп веќе воведе царини од 20 отсто за целиот увоз од Кина и 25 отсто за увоз на челик и алуминиум и ги прошири на производите направени од тие материјали во вредност од речиси 150 милијарди долари.

Би можело да ве интересира

Поддршката за Трамп падна на најниско ниво

ВИДЕО: Тоа што го прави Русија во Украина е во ред, вели Трамп

Трамп нуди поволности за Москва во мировниот договор за Украина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трамп веќе отворено ја брани Русија, Зеленски вели загубил територија и океани

Трамп сака свој океан, но „Гугл“ го одби барањето

Дмитриев: Одлуката на САД за суспендирање на санкциите против Русија е важен историски момент

Горан Наумовски