Трамп и Си разговараа за трговските односи и Северна Кореја

Од:

Билатералните трговски односи и состојбата околу Северна Кореја беа главни теми на денешниот телефонски разговор меѓу претседателите на САД и Кина, Доналд Трамп и Си Џинпинг.

Како што јавија кинеските државни медиуми Си во разговрот му порачал на Трамп дека Кина и САД треба да се обидат да најдат начин за соодветно решавање на трговските спорови.

Си нагласил и дека Кина го поддржува организирањето на средба на Трамп со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и изразил надеж дека САД и Северна Кореја ќе изградат меѓусебна доверба.

Разговорот се одржа по минатонеделните разговори меѓу американски и кинески претставници посветени на проблемите во сферата на трговијата, предизвикани од одлуката на Трамп за воведување на царини за увоз на кинески производи, пред се на челикот и алуминиумот.

Денешниот телефонски разговор го најави самиот Трамп со објава на Твитер.

– Ќе разговарам со мојот пријател, претседателот ма Кина, Си. Главни теми ќе бидат трговијата, во која ќе се слиучат добри работи, и Северна Кореја, ладе се градат односи и доверба, напиша Трамп на Твитер.

Би можело да ве интересира

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

САД со ултиматум до Израел: Да се подобри хуманитарната ситуација во Газа

Авионска несреќа во САД, загина пилот, еден патник е повреден

Неуспешни преговори за електричните кинески автомобили

Предраг Петровиќ

Разговорите Кина-ЕУ за царината на електрични возила завршија со несогласувања

A1on

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ