Трамп се повика на својата претседателска моќ и не го дава целосниот извештај на Малер

Од:

Претседателот на САД, Доналд Трамп одлучи да не ја предаде на Конгресот целосната верзија од извештајот на специјалниот советник Роберт Малер за неодамна завршената истрага за вмешаност на Русија во американските претседателски избори, се вели во денешната писмена изјава на портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс.

Демократот Џером Надлер, претседател на Комитетот за правосудство во Претсавничкиот дом на американскиот Конгрес, побара од администрацијата предавање на нередактираната верзија на извештајот на специјалниот обвинител. Околу 13 отсто од целокупниот текст од 448 страници објавен неодамна се недостапни поради тоа што содржат цензурирана информација од доверлив карактер, како на пример забелешки од седниците на поротите во судските претреси по обвиненијата на Малер.

Во писманата порака на Сандерс се вели: „Соочен со безобѕирната злоупореба на законот од страна на претседавачот (на Комисијата) Надлер, и по барање на државниот правобранител, претседателот нема друга опција освен да ги искористи своите извршни надлежности и да се откаже од предавањето на документот“.

-Жално е тоа што претседавачот Надлер е заинтересиран само да им угодува на медиумите, и да ја удоволува радикалната левица. Американскиот народ заслужува Конгрес фокусиран на решавање реални проблеми, се вели во соопштението на Сандерс.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Сакаме Трамп да види дека сакаме да ставиме крај на војната

Иран го чека тајното писмо од Трамп

ЕУ подготвува жесток одговор на американските царини

Горан Наумовски

Што сака Украина да постигне со мировните преговори во Саудиска Арабија

Катерина Ѓуровски

Не ни требаат вашите автомобили, дрво и нафта, набрзо ќе видите – Трамп им се закани на Канаѓаните

Гренланд утре оди на клучни избори