Трамп: Сакам да се сретнам со Путин што е можно поскоро

Од:

Во врска со мировните преговори меѓу Русија и Украина се огласи и актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп.

„Време е само да го завршиме тоа. Ќе го завршиме“, рече Трамп.

Тој додаде дека сака да одржи средба со рускиот претседател Владимир Путин што е можно поскоро – штом тие можат да го договорат тоа.

„Путин не сакаше да дојде бидејќи не бев таму“
Трамп денеска повтори дека не е изненаден што рускиот претседател Владимир Путин не дојде на средбата што Соединетите Американски Држави се обидоа да ја организираат во Турција меѓу украинската и руската делегација. „Путин не сакаше да дојде бидејќи јас не сум таму“, тврди Трамп, кој вчера изјави дека е малку веројатен значителен напредок во преговорите додека тој и Путин не се сретнат лично.

За потсетување, американскиот претседател е на последниот ден од посетата на Блискиот Исток, а денеска зборуваше на настан на Советот за деловна соработка во Обединетите Арапски Емирати.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пукање на имотот на Трамп: Убиен 20 годишен маж

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Силни експлозии одекнуваат во Киев, Полска ги крена авионите

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Терористички напад во Лвов, има мртви и повредени

Трамп: Воведувам глобални царини од 10 проценти

Горан Наумовски

Претседател на САД тврди: Постојат алтернативи на царините

Американските акции растат откако Врховниот суд пресуди против царините на Трамп