Трамп сака да го понижи Макрон: Изјавата дека ќе ја признае Палестина нема тежина

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп ја отфрли одлуката на францускиот претседател Емануел Макрон да ја признае државата Палестина во септември како ирелевантна, објави Ројтерс.

„Она што го кажува е ирелевантно. Тој е добар човек, ми се допаѓа, но неговата изјава нема тежина“, рече Трамп.

Францускиот претседател Емануел Макрон вчера објави дека земјата ќе ја признае државата Палестина на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк во септември.

Неговата одлука да ја признае државата Палестина предизвика мешани реакции во Франција и во светот.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху остро ја осуди одлуката на Макрон, нагласувајќи дека таа „поттикнува терор“.

„Остро ја осудуваме одлуката на претседателот Макрон да признае палестинска држава веднаш до Тел Авив, по масакрот од 7 октомври. Таквата одлука го наградува теророт и ризикува да создаде уште еден ирански посредник, исто како што беше случајот со Газа“, рече Нетанјаху.

Претседателот на Палестинската самоуправа Махмуд Абас денес ја поздрави одлуката како „победа за палестинската кауза“.

„Ова ја одразува посветеноста на Франција на поддршката на палестинскиот народ и нивните легитимни права на нивната земја и татковина“, рече Абас.

Би можело да ве интересира

Усвоен предлог-закон за намалување на платата на пратениците кои нема да го означат Хамас како терористичка организација

(ВИДЕО) Трамп пристигна во Кина, Си Џинпинг го пречека на аеродромот

А1он

Херцог: Израел ја брани Европа од џихадистички бран

„Њујорк тајмс“: Мосад киднапирал ирански генерали и ги мачел за да ја открие судбината на Рон Арад

Мосад ја извести ЦИА за наводни планови на Иран за атентат врз Трамп

А1он

Ајзенкот го обвини Нетанјаху за поттикнување кампања против арапските граѓани на Израел