Трамп: САД може да воведат дополнителни санкции против Русија

Од:

САД може да воведат дополнителни санкции врз Русија, изјави денес американскиот претседател Доналд Трамп.

– Ова е ужасна војна, полоша од Втората светска војна. Погледнете ги луѓето што се убиваат меѓусебно, тоа е Русија, тоа е Украина. Постојат многу причини зошто го прават тоа, но мислам дека наскоро ќе има преговори, рече Трамп, додавајќи дека Вашингтон и неговите сојузници во НАТО ќе го зголемат притисокот врз Русија за да ја заврши војната.

Трамп рече за време на состанокот со финскиот претседател Александар Стабс во Белата куќа во Вашингтон дека САД продаваат оружје на членките на НАТО, кои потоа го даваат на Украина.

Тој додаде дека САД немаат планови да ги повлечат своите сили од Европа.

„Имаме многу војници во Европа и можеме да ги преместиме. Но, не, во основа сè ќе остане таму каде што е“, рече Трамп.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Најголем скок на цените на нафтата во последните шест години

Катерина Ѓуровски

Руската одбрана собори 72 украински дронови

Трамп: Не ни требаат луѓе кои се приклучуваат во војни откако веќе победивме

Трамп: Иран го бомбардираше сопственото училиште, убивајќи 168 девојчиња

(ВИДЕО) Трамп: Не сакам Курдите да влезат во Иран

Арагчи: Иранскиот народ, а не Доналд Трамп, ќе го избере новиот врховен лидер на Иран