Иран: Подготвени сме за американските трупи, ќе ги запалиме

Од:

Претседателот на иранскиот парламент, Мохамед Багер Галибаф, изјави дека иранските сили се подготвени за пристигнувањето на американските трупи.

Во изјавите објавени од новинската агенција ИРНА, Галибаф го критикуваше Трамп за изразување подготвеност за разговори со Иран, а во исто време „тајно планира копнен напад“.

„Непријателот отворено испраќа пораки за преговори, а во исто време тајно планира копнен напад“, беше цитиран тој. „Нашите луѓе чекаат пристигнување на американски војници, ќе ги запалат“.

Претходно денеска, американските медиуми објавија дека Пентагон подготвува неколкунедели копнени операции во Иран. Извештајот дојде откако американската војска го објави пристигнувањето на 3.500 војници од 31-та морнаричка експедициска единица на Блискиот Исток.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Трамп нарече глупак новинар кој го праша до кога ќе му попушта на Путин

(ВИДЕО) Републиканец покрена импичмент на Хегсет: Можеби сега ќе ги нарекува луѓето дебели и пе*ери“

Рубио: Нема напредок во преговорите со Иран, барањата на Техеран се неприфатливи

Багеи: Планот на Иран за ставање крај на војната е најлогичната патоказ

Џефрис: Хегсет мора да си оди, ја загрози националната безбедност на САД

(ВИДЕО) Трамп: Омразата меѓу Путин и Зеленски е главната пречка за мир, Украина ќе има поинакви граници