А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Свет

Трамп: САД ја презедоа венецуелската нафта за да ги сопрат Кина и Русија

by А1он10/01/2026 - 08:02651
Share0

Доколку САД не ја преземеа венецуелската нафта, Кина или Русија ќе го стореа тоа, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, додавајќи дека двете земји би можеле да купат нафта од САД од Венецуела, што би било достапно „речиси веднаш“ бидејќи САД се „отворени за бизнис“.

Добивај вести на вибер

– Едно нешто што мислам дека сите треба да го знаат е дека доколку ние не го сторевме тоа, Кина или Русија ќе го стореа тоа, рече Трамп во обраќањето пред раководителите на нафтената индустрија, објави CBS News.

Тој рече дека им кажал на кинеската и руската страна дека САД „се сложуваат многу добро“ со нив, но дека не сакаат тие да бидат во Венецуела.

„Им кажав на Кина и Русија: се сложуваме многу добро, ве сакаме, но не ве сакаме таму. Вие нема да бидете таму. Доколку ние не го сторевме тоа, Кина ќе беше таму и Русија ќе беше таму, можеби дури и двете заедно, но сега тие нема да бидат таму“, нагласи Трамп.

Според него, венецуелската нафта ќе биде достапна „речиси веднаш“, нагласувајќи дека САД, со својата нова улога во Венецуела, се „отворени за бизнис“, пренесува NBC News.

Тој претходно ги оправда потезите на својата администрација, вклучително и преземањето контрола врз продажбата на венецуелска нафта, за време на состанокот во Белата куќа со претставници на енергетскиот сектор, тврдејќи дека конкурентските сили како Кина и Русија во спротивно би го сториле тоа.

Изјавите на Трамп, проценува CNN, претставуваат отстапување од неговите претходни критики кон европските сојузници за водење бизнис со Русија за време на војната во Украина, кога тврдеше дека конфликтот ќе заврши ако земјите од НАТО престанат да купуваат руска нафта.

sadtrampvenecuela

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нуклеарна катастрофа на повидок; Повеќе од 600 Руси заробени во нуклеарна централа во Иран

Предраг Петровиќ03/03/2026 - 18:38

ВИДЕО: Се урна покривот на американската амбасада во Ријад

Предраг Петровиќ03/03/2026 - 18:0103/03/2026 - 17:30

Трамп им се обрати на Курдите и побара помош во војната со Иран

Горан Наумовски03/03/2026 - 16:24

Трамп: Иран сакаше да преговара, но беше предоцна бидејќи САД презедоа воена акција

Горан Наумовски03/03/2026 - 16:24

Трамп: Сите наследници на ајатолахот се мртви – го „средив“ пред тој да ме „среди“ мене

Горан Наумовски02/03/2026 - 06:45

ВИДЕО: Нови напади, Израел го бомбарира Техеран

Катерина Ѓуровски01/03/2026 - 10:07
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен